Викендот започна со трагедии: Пронајден обесен маж во Тетово
Викендот започна со трагедии. Предмалку, безживотно тело на маж на возраст од 65 години било пронајдено во Селимово Брдо, на падините на Шар Планина. Спред податоците на МИА, се работи за Б.К. чие тело било пронајдено обесено на костеново дрво во 15 часот попладнево.
Според податоците, телото на несреќниот маж било пронајдено од 38 годишен тетовчанец кој собирал старо железо во атарот на селото Расадиште. Тој веднаш повекал полиција, а откако пристигнале на местото, го утврдилеидентитетот на починатиот. Б.К. пред три дена бил пријавен како исчезнат.
На телото не се констатирани траги на насилство.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа