Драма во Богданци: Крадел дрва, ја викнал мајка му, па направиле хаос

 

СВР-Струмица, поднесе кривична пријава, против  Д.В (20), Ѓ.В (26), Н.А (23), Р.В (22) и Н.В (42) од Стојаково и В.К (27) од Богданци за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Имено, на 29. минатиот месец, второ, трето и четвртопријавениот извршиле бесправна сеча на огревни дрва во атарот на Стојаково наменети за продажба на лице од истото село, по што исечените огревни дрва ги натовариле во возило  и се упатиле кон семејната куќа на нарачателот. Во моментот кога ги растоварале огревните дрва  пристигнала полициска патрола по што им било побарано да достават на увид  документ за сечените огревни  дрва. Откако полициските службеници утврдиле дека се работи за кражба на огревни дрва повикале шумска полиција, а до нивното доаѓање, прво пријавениот упатувал закани и дрско се однесувал кон полициските службеници. Во тој момент ги повикал по телефон второ, трето и петто пријавениот. На лице место дополнително пристигнала и шесто пријавената, мајка на прво пријавениот, која првично го смирувала прво пријавениот, но потоа како и останатите почнала дрско да се однесува.

Во моментот на постапувањето на полициските службеници и соопштување дека од страна на шумска полиција натоварените дрва и возилото ќе му бидат одземени, шесто пријавената го поттикнувала првопријавениот да го запали возилото со дрвата напрскувајќи го со бензин. По што прво пријавениот  по упатување закани на полициските службеници го полил возилото најверојатно со запалива течност, но, не го запалил, зел нож со кој ги исекол пневматиците, а потоа со дрво ги искршил стаклата  правејќи поголема штета на возилото.

Со ваквото однесување прво пријавениот ги попречил полициските службеници да си ги завршат службените задачи а второ, трето и петто пријавениот за цело време го подржувале , упатувале закани и ги попречувале полициските службеници во вршење службено дејствие.

Од страна на полициските службеници бесправно сечените дрва привремено се одземени  и пренесени до складот на Шумското стопанство во Гевгелија. По превземени дополнителни мерки и активности пријавените се лишени од слобода  и задржани во просториите на ПС од ОН Гевгелија.

Од страна на судија на претходна постапка на прво, второ и трето пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена а на петто пријавениот му е одредена мерка куќен притвор во траење од 8 дена.

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега