Загинаа 4 момчиња - пожарникари ги ваделе од луксузното БМВ

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во тиранската општина Камза,  животот го загубија четири млади лица, кога автомобилот марка „БМВ“ излетал од патот.

Возилото било толку многу оштетено што на помош била повикана и противпожарна служба за да ги извади телата од автомобилот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Повредните починале на пат кон Воената болница во Тирана. До несреќата дошло кога возачот Алфред Белули (25) загубил контрола врз возилото кое го управувал со голема брзина и излетало од патот. Во несреќата животот го загубиле и  Фатјон Дриза (22), како и Јурѓета Муча (18) и нејзиниот четири години помал брат Клевис Муча.

Низ албанските патишта во просек годишно животот го губат по најмалку 330 лица, а како главни причини се возењето под дејство на алкохол, неприлагодена брзина според условите на патот, непочитување на правото за претекнување.

12.04.2014 - 20:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега