10 сообраќајки седуммина повредени - дождот создаде хаос во Скопје

 

 

Во текот на изминатото деноноќие, во Скопје се случиле вкупно десет сообраќајни незгоди.

Пет од нив се со последица материјална штета, a пет се со последица телесни повреди. Полесни повреди заработиле седум лица, четворица возачи на моторни возила, двајца сопатници и еден патник во автобус.

Во Скопје се случиле и уште четири незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера казнила 10 пешаци кои преминале вон обележан пешачки премин, пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат граѓани – учесници во сообраќајот кои сториле прекршок во својство на пешаци.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Страшо Пинџур“ кое се наоѓа на територијата на општина Ѓорче Петров со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

13.02.2014 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега