Кац: Иран одлучи да го нападне Израел
Иран одлучи да го нападне Израел, објави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, пишува „Џерусалим пост“.
Израелскиот весник наведува дека пораката на Иран на Израел му била пренесена преку унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој директно му се јавил на Кац за да објасни дека оваа информација ја добил од вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери.
-Иран не информираше дека има намера да го нападне Израел, рече Кац, додавајќи дека „светот треба да бара цена од Иран за секоја агресивна акција што ќе ја преземе“.
05.08.2024 - 23:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа