ОН: Израелците ги мачат приведените Палестинци, им прават ужасни работи, пуштаат кучиња на нив
Палестинците, приведени од Израел за време на војната во Газа, главно се чуваат во тајност и се подложени на тортура, соопшти денеска канцеларијата на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк.
„Сведоштвата собрани од мојата канцеларија и од други субјекти зборуваат за низа ужасни дејства, како што се, меѓу другото, симулирано давење и пуштање кучиња врз затворениците, што е флагрантно кршење на меѓународните закони за човекови права и меѓународното хуманитарно право“, рече Турк.
Најмалку 53 затвореници од Газа и Западниот Брег починале во израелски притвор од 7 октомври, според извештајот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации од тој датум до 30 јуни.
„Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и почетокот на израелската офанзива на Појасот Газа, илјадници Палестинци, вклучително и лекари, нивните пациенти, жители и заробени борци, беа однесени од енклавата во Израел, „обично со лисици и врзани очи, илјадници други се приведени во Западниот Брег и Израел“, се вели во извештајот.
Тие главно се приведени во тајност, без да се наведат причината за притворот, без пристап до адвокат или судски надзор“, се предупредува во извештајот. Турк ги повика сите страни вклучени во конфликтот да постигнат договор за прекин на огнот и да обезбедат почитување на меѓународното право и да обезбедат транспарентност во однос на неговите прекршувања.
Извештајот заклучува дека постојат причини да се верува дека сите функционери, и израелските и палестинските вооружени групи, „сериозно ги прекршиле и злоупотребиле човековите права“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа