ФОТО: Министерот Џафери на средба со професорот Мелес од САД

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во Министерството за одбрана оствари средба со професор Фарансоа Мелес од Институтот за менаџирање со ресурси во одбраната, од Монтереј, САД.

Соговорниците размениле мислења за за Системот за планирање, програмирање, буџетирање и извршување (СППБИ) кој, всушност, претставува многу важна алатка за менаџирање со ресурсите во одбраната, особено во услови на ограничени финансиски средства.

 Министерот Џафери во оваа прилика посочи дека системот е од исклучителна важност за обезбедување на транспарентност и отчетност на трошењето на јавните финансии и подобрување на ефикасноста и ефективноста на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во остварувањето на стратегиските цели. 

Инаку, делегацијата од Институтот за менаџирање со ресурси во одбраната од САД, вчера оствари средба и со експерти од Министерството за одбрана од оваа област.

 

04.12.2013 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега