Многу трагедии и несреќи синоќа во Македонија
Многу несреќи и трагедии во текот на вчерашниот ден во Македонија.
На Велики Четврток во 18 часот на улицата „Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје, 21-годишниот М.Б. скокнал од третиот кат од зграда.
Според податоците од полицијата, момчето се здобило со тешки телесни повреди, фрактура на карлица, по што бил пренесен Ургентниот Центар Скопје за укажување на лекарска помош.
Исто така, во 10 часот и 30 минути во полиција од болницата во Велес било пријавено дека на Хируршкото одделение е донесена жена прегазена од виљушкар.
Се работи за 55-годишната Р.П. од Велес инаку вработена вофабриката „Ронтис“, која ја прегазил 30-годишниот возач на фирмата Р.Д. додека управувал наназад со виљушкар
Жената која работела како хигиеничарка била итно пренесена во Скопје.
Се случила и крвава семејна драма во Тетово.
Според податоците, во 11 часот и 20 минути, 49-годишниот Џ.И. од селото Слатино започнал расправија со браќата, 32-годишниот С.И. и 40-годишниот Г.И. од Тетово, како и со уште едно засега непознато лице. Едниот од браќата му прснал спреј за онеспособување во пределот на лицето, а С.И. со нож го прободел во пределот на левата страна од телото, додека непознатото лице со безбол палка го удрило во пределот на главата.
Несреќниот тетовчанец бил пренесен во Клиниката во Тетово, од каде што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиниките во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа