Шок во Волково по вчерашното двојно убиство и самоубиство
Недозволена љубов, заврши со две убиства и самоубиство. Крвава драма синоќа ги вознемири жителите на скопско Волково.
Полицискиот билтен пишува дека синоќа 44-годишниот Дончо Ѓ. со огнено оружје ги убил неговите сосетки, 47-годишната Снежана и 76-годишната Елена, мајка и баба на неговата 26-годишна љубовница. По ладнокрвното убиство, полицаецот излегол во семејниот двор, ја вперил пушката во главата и се самоубил. Жителите на скопско Волково се’ уште во шок и неверување по немилиот настан.
Мештаните не паметат сличен настан во ова место.
Инаку, 44-годишниот Дончо бил вработен како магационер во МВР. Оружјето со кое го извршил крвавиот чин се истражува дали го поседувал со дозвола или пак го украл од депото на МВР. По наредба на Јавното обвинителство, телата се предадени на обдукција. Ќе се врши и вештачење на телефоните пронајдени во куќата, оти според Обвинителството, на крвавиот настан му претходела интезивна комуникација, која може да расветли детали за двојното убиство и смаоубиство, пишува Канал5.
МВР доплонително ќе го испитува и минатото поведение на полицаецот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа