Битолчанец насилно ја ставил својата жена во кола и брутално ја претепал
На 05.04.2016 година во Битола маж физички ја нападнал својата невенчана жена Б.К. (47) од Битола, на која и нанел телесни повреди.
Секторот за внатрешни работи во Битола поднесе кривична пријава против лицето В.С. (47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“, „телесна повреда“ и „загрозување на сигурност“.
Пријавениот, откако насила ја внел во своетот возило „Форд Фокус“, почнал да ја удира по главата и телото, при што и нанел телесни повреди.
20.04.2016 - 12:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа