Гром удри во македонски голман за време на тренинг
Австралискиот голман со македонско потекло, Стефан Петковски, преживеал удар од гром за време на тренинг со неговиот клуб Мелак Јунајтед од Малезија каде што дошол минатата година.

18-годишниот голман ја загубил свеста, по што итно е пренесен во локалниот медицински центар каде што е приклучен на апарати.
Сепак неговата здравствена состојба е стабилна, информираат од клубот.
– Неверојатно е ова што се случи. Цел ден врнеше ситен дожд, но не очекувавме да има последици, се вели меѓу другото во соопштението од клубот.
Громот го удрил и соиграчот на Петковски, Мухд Афик Азуан, но тој поминал само со полесни повреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа