Две бизарни несреќи во Македонија: Дете и старец се борат за живот

 

Две бизарни несреќи ја потресоа Македонија. Во првиот случај околу 15 часот во селото Гарани, кичевско, во дворот од сопствената куќа, дванаесетгодишно момче било прегазено од трактор „ИМТ 547“. Во моментот кога го стартувало тракторот, за да го помести, истиот тргнал и со левото тркало поминал преку неговото тело. Со возило на Итна медицинска помош, момчето е пренесено во Медицински центар - Кичево каде му се констатирани фрактура на десна нога и нагмечување по телото,  по што поради сериозноста на повредите е префрлено во Ургентен центар - Скопје.

Во вториот случај, во 18 часот и 20 минути, во атарот на селото Ајватовци во Скопје, 81-годишниот  Ј.Б. орајќи ја нивата со трактор „ИМТ 533“ се лизнал и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди. Во моментот кога Ј.Б. се симнал од тракторот, тракторот се придвижил и со намера да се качи на истиот се лизнал и паднал. Истиот е пренесен во болницата Св. „Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се фрактура на граден кош и внатрешно крварење.

За жал, старецот се наоѓа во животна опасност.  

 
 
04.04.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега