Скопјанец го фалсификувал ВИН бројот на своето возило

 

Вчера околу пладне на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од Република Македонија, со автомобил марка „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, се пријавил М.М.(1994) од Скопје. Полициските службеници при контрола на сообраќајната дозвола на наведеното возило, се посомневале во исправноста на ВИН бројот, односно истиот се разликува од производствениот број на типската налепница. Во 13 часот, лицето е лишено од слобода, со потврда за привремено одземени предмети возилотото е одземено и е предадено на УПС од ПС-Крива Паланка.

 

 

Оцени ја веста

03.10.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега