ФОТО: Страшна сообраќајка кај Штип - сопружници се борат за живот
Тешка сообраќајна несреќа го вознемири штипскиот регион. Повредени се маж и жена откако поради непознати причини со својот автомобил се судриле со воз на пругата во близина на Кадрифаково.
Двајцата имаат тешки повреди, а жената се бори за живот. Таа со скршеници на градниот кош итно е пренесена во Скопје, а постои сомнеж дека кај неа има внатрешно крварење.
Нејзиниот сопруг со скршеници на двете нозе е хоспитализиран во штипската болница.
Повредениот жител на Ерџелија бил професионален возач.
Оцени ја веста
04.08.2015 - 10:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа