Сообраќајот ќе се поремети - еве каде нема да се вози
За време на викендот на улиците „Ѓорче Петров“ и на дел од булеварот „Партизански одреди“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
На улицата „Ѓорче Петров“ во делот кај раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ во сабота и недела ќе се вршат прекопи за поставување подземни инсталации, а поради градежни работи утре од 8 до 12 часот ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“ до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“.
На овие места ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а од Град Скопје апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа