И денеска не очекуваат дожд и грмежи

 

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во попладневните часови кога локално процесите ќе бидат поинтензивни со поинтензивен пороен дожд и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен пороен дожд проследен со грмежи и со засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 4.

За време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет и ќе бидат проследени со грмежи, особено нестабилно ќе биде во попладневните часови кога врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со засилен ветер.

06.09.2014 - 09:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега