Беким Незири е на слобода, задржан му е пасошот

Откако судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, Кривичен совет ги смести во домашен, а сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода. И вишото обвинителство застанало на негова страна. Сите се согласни дека нема доволно докази. Во денешната одлука на Апелација се наведува дека претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, Кривичен совет ги смести во домашен, а сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода.

„Оцени дека во решенијата на истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат,“ се вели во соопштението на Апелација.

И за Алмир Рамдедовиќ нема потреба да биде постојано во својот дом. Тој е осомничен дека ја крена рампата, како дел од обезбедувањето на компанијата „2СС“, а Апелација му ја враќа слободата и му го задржува пасошот.

И за останатите осомничени судот првично не одреди притвор, за потоа кривичниот совет да ги смести во домашен.

 

26.01.2024 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега