„Тошковски призна дека не може да го реши проблемот со издавање пасоши“, велат од СДСМ
„Ништо од најавите на ДПМНЕ. Уште на првиот ден од мандатот како технички министер за внатрешни работи на ДПМНЕ Тошковски призна дека неможе да го реши проблемот со издавањето пасоши“, велат од СДСМ.
„ДПМНЕ до пред само неколку дена велеа дека Спасовски не можел да го реши проблемот, дека МВР не работело со сите капацитети, дека со закон ќе интевенирале за да се пролонгира важењето на старите пасоши.
Од прв ден како влегоа во техничката Влада одеднаш ништо не важи.
Одеднаш ништо од законот, одеднаш МВР рабоело со полн капацитет, одеднаш не можело да се реши, па редат оправдувања дека „не може да прави чуда“, дека наишол на „ѕид“ од Грција.
Ништо не се менува во ДПМНЕ, едно зборуваат, друго прават, но секогаш ги лажат граѓаните“, соопшти СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа