Руски воен блогер осуден на шест и пол години затвор
Руски воен блогер е осуден на шест и пол години во затворска колонија кога беше прогласен за виновен за ширење лажни информации за вооружените сили, соопштија владините истражители.
Андреј Куршин го водеше каналот на „Телеграм“, Moscow Calling, кој ги поддржуваше целите на руската војна во Украина, но го критикува начинот на кој военото раководство ја водеше кампањата.
Аналитичарите од Институтот за проучување на војната го опишаа Куршин во времето на неговото апсење во август минатата година како маргинален ултранационалист, кој залутал надвор од границите на дозволената критика на руските воени напори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа