Првични истражувања на терен за брзата пруга во септември, годишен приход од 120 милиони евра во товарниот сообраќај
Во централниот дневник на Сител телевизија, во „Тема на денот“, гостуваше Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРСМ Инфраструктура и претседател на партиската комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт. Тој во своето гостување стави акцент на брзата пруга Табановце-Гевгелија која е инвестиција од околу 2 милијарди евра и реконструкција на постоечката која треба да се трансформира, притоа истакна дека почетокот на сите првични геолошки активности и истражувања ќе биде во септември.
„Оваа брза пруга ќе биде почната во септември меѓутоа ќе бидат почнати оние првични истражувања на теренот гео текстилни, геолошки истражувања да видиме каде можеме да ја скратиме должината на пругата, има многу свиоци по готово делот кај Велес, но првична механизација дека есенва ќе биде или доцна есен ќе биде тоа е точно. Нај идеален дел каде да се гради е до постоечката пруга, самото тоа што ќе се гради до постоечката пруга веќе сите проблеми се познати тој пат е трасиран“, вели Ивановски.
Ивановски истакна дека во план на Владата е да се набават брзи возови кои ги задоволуваат европските стандарди и образложи како ќе се движат и на кои станици би застанувале патничките возови.
„Брзите возови се одговорност на МЖ транспорт, мора да се набават возови, локомотиви кои ги задоволуваат тие стандардите и тоа е во планот на Владата да се набават тие возови. Пред се постоечката пруга ќе се реконструира целосно, ќе ја искористиме трасата да дојде до 160 км на час и ќе се направи уште една паралелна согласно можности по двете ќе се користи и товарен сообраќај и патнички сообраќај. Ќе видиме согласно проектот што е можно помалку, но во исто време ќе имаме и конектори, Скопје сигурно ќе го поврземе, аеродромот Петровец, сигурно ќе биде во Велес и во Гевгелија, но во втора фаза ќе го пуштиме Кочани спрема Штип до Велес да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај“, рече Ивановски.
Исто така тој наведе дека се гради по европски стандарди, кои ќе овозможат брз и ефикасен транспорт.
„Се гради по европски стандарди од тоа нема отскокнување. Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт. Нашата позиционираност е тоа како треба да ја искористиме, сега и веднаш да се забетонираме на мапата на карго Европа, ако ние не го направиме тоа, во економијата нема слободен простор“, вели Ивановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа