СДСМ: Владата неспремна за пожари - кој ќе биде виновен ова лето
Откако минатата година изгоре речиси 10% од територијата на државата во шумските пожари, ова лето Владата повторно ќе биде неспремна. Цела година ВМРО-ДПМНЕ не најде време да се подготви, да ги сервисира воздухопловите, па новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, ја информираше јавноста дека ништо не е подготвено за заштита и навремена реакција при пожар, велат од СДСМ.
„Минатото лето Мицкоски ја обвинуваше СДСМ дека наводно начекале катастрофална состојба, иако нему за едно лето му изгореа повеќе шуми отколку во последните две децении. Го прашуваме: дали и оваа година повторно ќе биде СДСМ виновен за пожарите и за неподготвеноста на институциите?
Владата демонстрира голема неспособност да се справи со проблемите на секое поле. Откако се искараа во Владата за функции и се распадна коалицијата, на прагот на летото Мицкоски допрва прави реорганизација на клучните институции кои треба да обезбедат заштита, а нема обезбедено ништо од опрема и капацитети за да се бори со евентуалните нови пожари.
Освен тендери за фантомски фирми и бизнис, очигледно ништо друго не го интересира ВМРО ДПМНЕ“, стои во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа