Мицевски за Договорот за Стратешко партнерство: Историски договор, историска работа за нашата држава
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи го предлогот за ратификација на Договорот за Стратешко партнерство со Обединетото Кралство рече дека станува збор за историски договор.
-Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен. Ова е историски договор! Ова е историска работа за нашата држава. Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти! После стратешкиот договор со Соединетите Американски Држави - ова е уште еден огромен успех за Република Македонија, вели Мицевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа