Нетанјаху призна дека „привремено била загубена контролата“ врз дистрибуцијата на помошта за Газа

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека „привремено била загубена контролата“ врз еден од новите центри за дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа.

„Имаше привремено губење на контролата“ додека Палестинците брзаа кон отворениот центар во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, „но за среќа ја вративме контролата“, рече Нетанјаху за време на говорот во Ерусалим.

Тој додаде дека Израел развил заеднички план со САД за управување со точките за дистрибуција на помош.

Во исто време, висок израелски воен функционер ја опиша операцијата за дистрибуција на помош како успешна.

27.05.2025 - 22:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега