Николоски: Договорот со Обединетото Кралство е од историско значење за Македонија

Изгласан е Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Овој Договор е од историско значење за Македонија и развојот на државата, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.
"Денес во Собранието е изгласан Законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
Овој договор е од ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ за Македонија и развојот на државата.
Со овој договор се потврдува партнерството помеѓу двете држави!
Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија многу подобро место за живеење!- напиша вицепремиерот Николоски.
28.05.2025 - 20:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа