Внимавајте: Скопјанка остана без 1.800 евра - телефонски ја измамиле
Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10 часот била измамена од едно лице за сума од 1.800 евра.
Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
28.05.2025 - 13:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа