ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Христовски не направил лажна исправа - лагите ви паднаа во вода

 

Дури ни обвинителството и судиите клиентелисти на СДС и ДУИ не можеа да ја сокријат вистината.

Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ Бојан Христовски. Тоа смета дека сертификатот за англиски јазик од Бугарија не е фалсификат. Со ова вистината излезе на виделина и сите лаги на СДС паднаа во вода, реагираат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ откако испратија реакција откако Обвинителството ја отфрли анонимната пријава дека директорот на АНБ имал лажен сертификат по англиски јазик.

Вистината излезе на виделина со тоа што е констатирано дека Христовски не направил лажна исправа за да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска.

Дури ни судиите избрани во Зајас и Струмица не можеа да ја сокријат вистината за лагите кои со месеци СДС ги ширеше. 

СДС со месеци ја манипулираше јавноста и ширеше дезинформации но со денешната одлука на обвинителството сето тоа им се удри од глава.

СДС е синоним за манипулации и  дезинформации.

СДС е фабрика за лажни вести, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

29.05.2025 - 19:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега