Зелен хуман град ќе формира партија за да учествува на локалните избори
Принудени сме да формираме техничка партија и ни е потребна вашата поддршка. Го правиме ова не по наша драга волја, туку затоа што немаме друг избор, велат од Зелен Хуман Град преку својот фејсбук профил.
„Го правиме овој голем чекор како одговор на препреките кои ни ги поставија партиите да ги оневозможат независните да одат на локални избори. Во 2021 беа сопки со зголемување на прагот на потписи на 10.000! Во 2024 беше слично – 4.500, но во 2025 им успеа да направат правен вакуум со кој практично ни се оневозможува да поднесеме независни листи за советници зашто не гласаат измени на Изборен законик со кои се почитува одлуката на Уставен суд, велат од ЗХГ во објавата.
Како ќе функционираме? Исто како и до сега, со истите зелени и хумани идеолошки ставови, со хоризонтална структура на уредување и ригорозен ветинг процес на членови. Партијата е само алатка за излез на избори, кој инаку е загарантиран со Уставот. Етаблираните партии имаат децениски метастазирани корени, огромни финансии, поддржувачи, лобисти и послушници. Ние? Ние Ве имаме само вас. Вие сте нашата поддршка, нашиот глас во борбата против злите сили кои 34 години го пустошат ова мало парче земја, порачаа од Зелен Хуман Град
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа