СВР Битола со силен удар врз дрогата и оружјето: Уапсени 39 дилери
СВР Битола во текот на месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица, дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции.
Во изјава за МИА, портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова истакна дека полициските службеници ќе продолжат со интензивни мерки и борба против недозволена трговија со дрога и оружје.
-Само во овој месец, во општините Битола, Приле, Демир Хисар и Македонски Брод, лишени се од слобода 39 лица кај кои се пронајдени марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја, дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како и пронајде различна количина огнено оружје, односно пушки, пиштоли и муниција со различен калибар. Претресите се направени во куќи и станови, потоа преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед, затекнати со дрога беа и тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар, посочи Стаматова.
Полициски службеници од СВР Битола ќе продолжат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола, изјави за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа