СДСМ: Оперативниот план е само параван за нов бран на партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ

 


Оперативниот план за вработување што го презентираше Владата на ВМРО-ДПМНЕ е само параван, обланда за нов бран партиски вработувања и ништо повеќе, велат од СДСМ.

Наместо стратегија за отворање нови работни места и поддршка за младите, на долгорочно невработените, додаваат од таму, власта спроведува нова серија партиски вработувања по список.

„ВМРО-ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта. Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот. Таткото на Андоновски, Љупчо е советник, неговиот брат Игор е началник, додека Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски. Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период. Па се до последниот пример каде кумашините на Мицкоски се вдомени во Министерството за земјоделство и Агенцијата за поддршка на земјоделието. Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Единствен критериум за некој да добие вработување, според СДСМ, е фамилијарните и партиските врски, ништо друго.

„И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата. Младите не веруваат на ПР обланди и затоа се иселуваат, а граѓаните препознаваат дека зад секој наводен конкурс се крие веќе определено име со партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

29.05.2025 - 12:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега