Приведен пироман во Куманово: Мортус пијан со „молотов коктел“ предизвикал пожар
Во СВР Куманово во ноќеска во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.
Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, е е лишено од слобода во ПС Куманово.
При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
20.07.2025 - 13:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа