Утре сите на ноќно читање во кафе барот „Драма“

 

Во сабота, на 29-ти март, со почеток во 20:30 часот, во кафе барот Драма на ул. Македонија, ЕВН Македонија Ве поканува на првото ноќно читање што ќе се одржи во Република Македонија. Имено, ноќното читање е со цел одбележување на Часот на планетата Земја, но и приклучување на акцијата на Клуб Матица за промоција на читањето на секаде и во секое време наречена „Читај повеќе“. 

Настанот е замислен како можност посетителите да читаат во темнина, со светилки кои ќе ги осветлуваат само страниците на книгите во нивните раце. Дополнително, на настанот ќе бидат присутни и дел од авторите на книгите. Тие ќе ги потпишуваат книгите кои ќе се поделат на посетителите, како подарок и начин да им се порача на луѓето да читаат повеќе и насекаде.

Агендата на настанот е следната:

• 20:30 – 20:40 – Гасење на светлата во локалот и сместување на посетителите.

• 20:40 – 21:00 – Интерпретација на проза и поезија од македонски автори.

• 21:00 – 21:30 – Посетителите ќе имаат можност да читаат во темнина, само со помош на специјални книжевни светилки, а атмосферата ќе биде надополнета со свирка со акустична гитара.

• Во текот на целиот настан, нашите еминентни автори Дарко Марковиќ, Евгениј Хоуп и Паскал Гилевски ќе ги потпишуваат поделените книги и ќе се дружат со посетителите на првото ноќно читање во Република Македонија.

28.03.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега