Македонски пратеници на семинар во Брисел

 

Maкедонските пратеници Миле Пачемски, Станка Анастасова и Беким Ќоку учествуваат на парламентарен семинар што во организација на Директоратот за надворешни политики, односно Одделението за претпристапни активности на Европскиот парламент се одржува во Брисел.

Семинарот на тема „Здравјето и заштитата на потрошувачите", ќе се одвива во две работни сесии и на него ќе учествуваат европарламентарци кои работат во комисиите на Европскиот парламент за здравство и за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите, како и експерти од областа - претставници на европски организации за заштита на потрошувачите, како и претставници од парламентите на земјите од Западен Балкан и Република Турција.

Според информациите од македонското Собрание, целта на семинарот е да поттикне поширока дебата меѓу европарламентарците и парламентарците од националните парламенти за овие прашања.

19.02.2014 - 08:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега