Кулиќ: Ќе ставиме точка на случајот „Трајковски“
Ќе ставиме точка на случајот „Трајковски“, вели Омер Кулиќ, главниот истражител на меѓународниот тим и претседател на Комисијата за воздухопловство при Министерството за сообраќај и комуникација на Босна и Херцеговина, во врска со новата истрага за падот на владиниот „кингер“ кај Ротемље.,
- Апсолутно, ќе биде ставена точка на целиот случај. Се е разјаснето. Веќе не може да има прашања околу тоа, вели Кулиќ за агенцијата Анадолија.
Кулиќ потврди дека истрагата е завршена, но комисијата нема да ги презентира своите наоди на 10 годишнината од загинувањето на Трајковски, туку во март или април годинава. Резултатите од истрагата најпрво ќе ги добие обвинителот на БиХ.
- Истрагата генерално е завршена. Остана да добиеме уште два-три ситни детали и тоа е тоа. Се работи за документи на службата. Остана тоа да го подготвиме, да ги дадеме мислењата кои мораме да ги пратиме и да ги објавиме, изјавил Кулиќ.
Кулиќ истакна дека обвинителот на БиХ ќе одлучува, дали има елементи за некои кривични дела, а во соработка со обвинителот од Македонија ќе анализира, ќе се усогласува, ќе проценува што се случило.
Кулиќ не открива дали истрагата покажала дека над Трајковски е извршен атентат, како што со години тврди адвокатот на дел од настрадните во несреќата Игњат Панчевски.
Истрагата за падот на „кингерот“ беше повторно отворена во јануари минатата година на барање на Македонија, откако македонското МВР собра дополнителни докази
На 26 февруари 2004 година во местотот Ротмиље, кај Мостар, во авионска несреќа загина македонскиот претседател Борис Трајковски со соработниците и членовите на екипажот. Според првата истрага, причините за падот на авионот е процедурална грешка на пилотската екипа во фазата на слетување на Мостарскиот аеродром, а обвинителството на БиХ никого не обвини за авионската несреќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа