Се реконструира пазарот во Битола

Локалното јавно претпријатие „Пазари“ откако постави нова инфраструктура, нова кровна конструкција и 100 нови тезги кои се типизирани и стандардизирани, започна со втората фаза од реконструкцијата на централниот градски пазар во Битола.

- Со оглед дека првата фаза е успешно завршена и е зад нас, а сега следува вториот дел или средување на за битолчани познат „долниот дел на пазарот“ каде што стоката најчесто се продава од камион. Со новата инвестиција ќе биде обезбеден ХАЦЦП стандардот, ќе се постават климатизирани витрини и тезги, соодветно осветлување и други детали, кои се неопходни за продавање на риба, сирење, месо и други производи. Ќе овозможиме да се отворат и објекти за одмор, кафе пауза и друго што бараат продавачите и купувачите, изјави директорот Благој Дивитаров.

Активностите во првата фаза чинеа околу 13 милиони  денари, а локалната самоуправа вложи девет милиони денари.

17.02.2014 - 11:03
Фото: 
радиослободнаевропа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега