Викендов 120 возачи возеле пијани на улиците - 29 сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатиов викенд на територијата на Скопје се случиле вкупно 29 сообраќајни незгоди во кои со повреди се здобиле 25 лица.
Во петокот се случиле вкупно десет сообраќајни незгоди во кои со повреди се здобило едно лице. Во четири незгоди неколку лица завршиле со телесни повреди, а пет поминале само материјална штета.
Во сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив шест незгоди со последица телесни повреди во кои со лесни телесни повреди се здобиле 13 лица, а останатите три незгоди се со материјална штета, додека вчера во Скопје се случија десет сообраќани незгоди. Во три од нив со тешки телесни повреди се здобиле три лица, во две со полесно биле повредени две лица, а останатите пет незгоди се со материјална штета.
Во текот на викендот беа откриени и санкционирани 120 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол при што се исклучени од сообраќај, 46 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 16 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница.
За денеска има најавено вонреден настан. Со почеток во 18 часот ќе се одржи културно-забавна програма на плоштадот „Скендербег“ во организација на општина Чаир по повод независноста на Република Косово. Од овие причини од страна на сообраќајната полиција ќе бидат поставени служби, а во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен од булеварот „Гоце Делчев“ по останатите сообраќајници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа