Се уште не е позната причината за труењето во Гостивар - 60 лица побарале лекарска помош

 

Се уште не е позната причината за труењето кое вчера се случи во гостиварското средно економско училиште. Бројката на лица кои вчера побарале медицинска помош во гостиварската болница, достигнал 60.

Директорот на општата Болница Ферит Муча, вели дека не се регистрирани случаи со поголеми компликации, а по укажаната лекарска помош утрово сите пациенти се пуштени на домашно лекување. 

 - Поголемиот дел од пациентите се ученици, има и професори, едно лице од обезбдувањето и еден полицаец. Тие 14 кои се проценети како потешки случаи,  се пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје. Пациентите кои беа задржани во нашата болница добија соодветна терапија и утрово сите се пуштени дома. Од клиниката добив информација дека и пациентите кои биле примени кај нив се добро. По извршените опсервации, седум се пуштени на домашно лекување, а најверојатно и останите во текот на денот, изјави директорот на гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, пренесува МИА.

Влезот во средното економско училиште од вчера го обезбедува полицијата. Таму и денеска, екипи на крим-техника и специјални екипи вршат увид и обезбедуваат траги.

- Истрагата е во тек. Ги чекаме резултатите од крв и урина. За сега не можеме да дадеме никакви конкретни информации. Не знаеме точно за што станува збор, изјави по телефон  јавниот обвинители Ахмет Ахмеди.

За потсетување, вчера попладне по пријава на работник во обезбедување, полицијата дошла во средното економско училиште и почнала истрага, бидејќи неколкумина ученици и вработени се пожалиле на потешкотии со дишењето, солзење и вознемиреност. Првично се знае дека неколкумина непријатната миризба  ја почувствувале од ходникот во кој се наоѓаат соблекувалните, во просторот помеѓу спортската сала и објектот во кои се училниците.

 

15.02.2014 - 12:57
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега