Се продаваат деловен простор и паркинг места во „Судска Палата“
Се продаваат деловен простор и паркинг места во катната гаража “Судска Палата“.
Објавен е оглас за деловни простори на приземјето со сопствена гардероба и тоалет со почетна цена од 1400 евра/м2, како и за деловни простории на првиот кат организирани во два блока:
Блок 1 – со 3 канцеларии, со посебен коридор и 2 тоалети.
Блок 2 – со 5 канцеларии, со посебен коридор и 2 тоалети – со почетна цена од 1250 евра/м2.
Освен деловни простори, се продаваат и паркинг места под приземјето.
Продажбата на деловните простори и паркинг местата ќе се изврши по пат на јавно наддавање на 25.февруари 2014 година во 12 часот. На јавното наддавање можат да учествуваат сите домашни и странски физички и правни лица, доколку најдоцна до 19. февруари годинава уплатат гарантен депозит во висина од 20 отсто од почетната продажна цена на просторот за кој ќе се лицитира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа