Заврши новата истрага за падот на Кингерот - кој е виновен за несреќата кај Мостар?

Заврши истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. Деталите од новата истрага се очекува да бидат соопштени непосредно пред одбележувањето на 10-годишнината од несреќата.

- Истрагата е завршена. Во тек се последните технички формалности. Најдоцна за еден месец, тимот истражители ќе дојде во Скопје и на јавноста ќе и ги презентира фактите, изјави претседателот на Комисијата, Омер Кулиќ за МРТ.

Истрагата во најголем дел се разликува од првичната според  која причини за несреќата беа „процедурални грешки на пилотите во фазата на слетување на мостарскиот аеродром“. Со симулација на автентичен лет на релација Скопје – Мостар, истражителите утврдиле отстапување од процедурите за летање, а проблеми лоцирале и во инструментите за навигација.

Извештајот ќе биде доставен до Обвинителството кое по него ќе постапува и ќе утврдува дали има поединечна или колективна одговорност.

Истрагата за падот на „Кингерот“ беше повторно отворена на барање на Македонија откако беа добиени дополнителни докази.

Претседателот Трајковски, придружната делегација и екипажот загинаа во авионска несреќа која се случи на 26 февруари 2004 година на подрачјето на село Ротимље во близина Мостар.

 

08.01.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега