Покренато обвинение за Шиповиќ и останатите од „Претседавач“

 

Откако минатата недела завршила истрагата, Основното јавно обвинителство во петокот покренало обвинение за дванаесетмината осомничени во акцијата „Претседавач“, пишува Плусинфо.

Во текот на истрагата им беше продолжен притворот на осуммината обвинети кои се наоѓаат во притвор во Шуто Оризари. Меѓу притворените е и претседателот на советот на општина Центар, првообвинетиот, Мирослав Шиповиќ. Тројца од обвинетите добија превентивни мерки, додека еден од 12мината обвинети ќе се брани од слобода.

Меѓу обвинетите во „Претседавач“ се најдоа Шиповиќ и неговиот брат кои се поранешни членови на управниот одбор во Машинопромет, како и функционер од УЈП и неколку сопственици на приватни бизниси.

 Обвинетите во „Претседавач“ се товарат за злоупотреба на службена должност и овластување како и помагање во извршување на првото дело. Тие ќе одговараат за проневера на 1,3 милиони евра.

 

08.01.2014 - 12:20
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега