Наскоро ќе биде екстрадиран еден од доживотно осудените во „Детонатор“

Македонија чека на екстрадицијата на еден од осудените во Детонатор. Како што пренесува Курир, се работи за Симеон Михаилов кој уште летово бил уапсен во Италија, а во август годинава Министерството за правда до италијанските власти ги испратиле потребните документи за негова екстрадиција во Македонија.

Се очекува наскоро да биде предаден во Македонија.

За потсетување, пред два дена Михаил беше осуден на доживотна казна затвор за обидот за убиство на  Драганчо Стоименов од Кочани.

26.12.2013 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега