Тетовчанец загина во страшна сообраќајка - возачот се бори за живот
Денеска нешто по 12 часот на стариот пат Тетово- Копје кај добарски подвозник автомобил „хјундаи“ загубил контрола, удрил во бетонскиот столб и се превртел, при што 38-годишниот М.М од Тетово од на пат кон тетовската болница им подлегнал на повредите.
Според првичните информации, возачот (31) Р.М од Тетово се здобил со тешки телесни повреди на главата и при укажасната помош во тетовската болница итно е префрлен на скопските клиники.
Во моментов трае увидот од јавниот обвинител и екипа СВР Тетово околу причините за оваа тешка сообраќајна несреќа.
03.05.2016 - 13:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа