Многу несреќи викендов во Македонија: Три лица на Ургентен

 

Многу несреќи и сообраќајки викендов во Македонија. Во 17 часот и 30 минути во селото Ореовец, прилепско, се случила сообраќајна незгода во која 19-годишниот Ф.М. од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Зенгшен“ без регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата Ф.М. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата Прилеп каде му е укажана лекарска помош и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен центар-Скопје.

Исто така, во 17 часот и 30 минути на локалниот пат село Врсаково-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо Корал“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Љ.М. од Штип и возило „Мерцедес А170“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот С.М. од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото моторно возило „Југо Корал“, 61-годишниот С.М. по што се пренесени во Клиничката болница-Штип, каде им е укажана лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување.

 
 
04.04.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега