Тепачка: Му скршил вазна од глава на поранешниот градоначaлник на Охрид Александар Петрески
Вазна во главата добил екс градоначалникот Александар Петеревски по инцидентот кој денеска се случил во Охрид, дознава Press24 од свои извори. Според нашите информации, денеска околу 14 часот во просториите на агенцијата за надвижности, „Трилиум“ лоцирана на булеварот „Туристичка“ во Охрид биле три лица меѓу кои и екс охридскиот градоначлник.
Во еден момент по кратка расправија избила тепачка меѓу Петрески и 55 годишниот М.Ч. од Струга од една страна 51 годишниот О.С. од Охрид од друга.
Во еден момент О.С. го удрил Александар Петрески со вазна во пределот на главата. Потоа се обидел да извади пиштол но Петрески и неговиот пријател М.Ч. успеале да го спречат во тоа и да му го одземат пиштолот. Во тој момент О.С. се дал во бегство а случајот бил пријавен во полиција.
Од МВР за Press24 ја потврдуваат информацијата но не откриваат повеќе детали бидејќи увидот се уште е во тек. Од таму велат само дека пиштолот е веќе обезбеден од полицијата и дека ќе се работи на целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа