Активни 13 пожари

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи.

Актвни се пожарите во Општина Македонски Брод во Јасен, во викенд населба Белица каде гори борова шума. Пожарот на Галичица, е на исток во правец на селата Лескоец и Стење, во општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Зафатена е нискостеблеста вегетација и букова шума.

Нискостеблеста деградирана шума и сува трева е зафатена од пожарот во с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, во Општина Долнени, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод. Во Општина Новаци гори ниска вегетација и деградирана шума на потегор од с.Полог, Брник до Рапеш

Во Општина Кичево активни се два пожара. Еден кај с.Цер, планина Лубен, кој се проширил кон селата Брезово и Зашле во Општина Демир Хисар, каде е зафатена нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација. Во вториот зафатена е борова и букова шума, се протега од с.Патеец – с.Козичино, и се проширил кон с.Дупјани.

Во општините Пласница и Македонски Брод пожар има меѓу селата Пласница и Латово, и во с.Девич м.в.Вртешка, гори мешана шума. Мешана и нискостеблеста шума е зафатена и со пожарите во с.Гари на планина Стогово во Општина Дебар и во Општина Чашка: с.Мокрени. Два пожари се активни и во Општина Маврово – Ростуше, и тоа во с.Врбен и на врвот Кораб кој е префрлен од Р.Албанија, каде огнените јазици зафатиле нискостеблеста вегетација. Гори нистостеблеста шума и во Општина Долнени кај село Небрегово кој што се префрлил од Општина Чашка од планина Мукус.

По контрола се пожарите во: Општина Валандово: с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);Општина Македонска Каменица: с.Цера – повторно се разгорел на еден крак; Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума); во Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација); во Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија); два во Општина Чашка, едниот кај с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума) и на планината Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума), како и во Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) кон с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки).

Изгаснати се вкупно 27 пожари:

1. Општина Битола 1: с.Острец (сува трева, мешана шума);

2. Општина Битола 2: м.в.Петилеп (сува трева);

3. Општина Прилеп: помеѓу бензиските пумпи на „Салида„ и „Лук Оил“ на регионалниот пат Прилеп – Скопје (сува трева);

4. Општина Долнени 1 : с.Дреновци (ниска вегетација);

5. Општина Долнени 2: с.Браилово (ниска вегетација и стрниште);

6. Општина Чешиново – Облешево: с.Уларци (стрниште);

7. Општина Птобиштип 1: с.Ратковица (мешана шума);

8. Општина Пробиштип 2: с.Лезово (нискостеблеста вегетација);

9. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);

10. Општина Ресен : с.Болно – с.Илино (букова шума);

11. Општина Кавадарци: с.Ваташа, м.в.Фуштани (ниска вегетација и сува трева);

12. Општина Куманово 1: локалитет Менкова Колиба (стрниште и сува трева);

13. Општина Куманово 2: с.Сопот (сува трева);

14. Општина Куманово 3: нас.Средорек (ѓубре);

15.Општина Липково: с.Никуштак (депонија);

16. Општина Старо Нагоричане: с.Младо Нагоричане (стрниште и сува трева);

17. Општина Желино: с.Чифлик (сува трева);

18. Општина Гостивар 1: с.Балиндол ( сува трева);

19. Општина Гостивар 2: с.Неготино (сува трева);

20.Општина Врапчиште: с.Врабчиште ( сува трева);

21. Општина Радовиш: с.Подареш (депонија);

22. Општина Сарај 1: с.Кондово (ѓубре и сува трева);

23.Општина Сарај 2: с.Глумово (сува трева);

23. Општина Гевгелија: с.Давидово (грмушки и сува трева);

24. Општина Кичево: с.Аранѓел (ниска вегетација и стрниште);

25. Општина Тетово: с. Порој (сува трева);

26. Општина Струга 1: с.Велешта – с.Долна Белица (стрништа и сува трева);

27. Општина Струга 2: с.Мороишта – с.Мислешево (стрништа и сува трева).

17.08.2024 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега