ВЛЕН: ДУИ е на работ на уништување

 


Партијата нон грата ДУИ, остана сама, и на работ на уништување. Бидејќи 
оваа партија е позната како десна рака на казината, тие ги потрошија сите џокери што им беа на располагање. Принципите ги оставија на страна, интересот на граѓаните во фиоки, а состојбата на Албанците воопшто не им беше на дневен ред, коалицираа со сите политички партии само за да ја задржат власта, велат од ВЛЕН.


„Но, денес сме во време на целосно демаскирање на оваа преполовена и 
уништена партија. ДУИ како единствена врата на која тропнаа албанците, се претвори во врата од пеколот, врата која не се отвора. Или кога се отвори вратата на ДУИ, на Албанец му се затвори врата и се отвори затворска врата. Така, наместо решение, оваа нон грата партија за време на своето делување затвори и малтретираа многу Албанци.

Тргнуваме од таму каде што почна промената, Албанците први ја разбираат дволичноста и лицемерието на оваа партија. Затоа на последните избори му го дадоа заслужениот одговор. Албанскиот граѓанин гласаше за осуда на оваа штетна партија за државата. А оваа казна ќе биде уште поостра на претстојните избори бидејќи веќе нема закани и уцени. Државата се ослободи, граѓаните дишат слободно.

Ова не е се, бидејќи ДУИ, како што споменавме погоре како партија без 
принципи и политички морал, се обиде да коалицира и со СДСМ и со ВМРО. Но, на македонските партии не им требаа коалициони партнери кои им служеа на Никола Груевски и Сашо Мијалков, затоа денес ниту една од овие партии не сака ни да слушне за слугите на семејството Груевски - Мијалков.

За да продолжи понатаму, откако албанскиот народ со глас го осуди, македонските партии со целосен бојкот и со јасни причини, и меѓународниот фактор му го зададе последниот удар, со кој оваа партија е во “нокаут“, изведувајќи ги последните удари.

ДУИ денес стана синоним за криминал и корупција, таа е најнепосакуваната 
партија во цела држава. Сега можат да ги обвинат граѓаните, па и македонските партии, но и меѓународниот фактор. Но, се фактитет што ја докажуваат реалната вистина.


Не можете да си играте со судбината на граѓаните и да останете со бел 
образ, како што поцрнија многу животи на граѓани, полека полека овие безобразници си заминуваат и исчезнуваат од политичката сцена“, стои во соопштението на ВЛЕН.


Најголемата албанска коалиција, ВЛЕН, е вратата на која граѓаните можат 
да чукаат. ВЛEН е најдобрата и единствена политичка опција во албанскиот табор.

13.01.2025 - 13:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега