Земјотрес ја потресе Битола - епицентарот во Грција

 

Во Битола и околината попладнево е почувствуван земјотрес со епицентар во Грција. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 13 часот и 7 минути со јачина од 3.9 Рихтерови степени и епицентар кој потекнува од Грција, 165 километри југозападно од Скопје. 

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, наведува Сеизмолошката опсерваторија. х

11.08.2025 - 15:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега