На повеќе патни правци се уште има активна забрана за движење на камиони и автобуси
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава.
Од 11:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка, воведена е забрана за движење на ТМВ и Автобуси, соопшти АМСМ.
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
· Гостивар – Маврово – Дебар
· Струмица – Берово
· Пресека
· Ѓавато
· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа