Од полноќ поскапува и бензинот и дизелот - цените највисоки во последните 5 месеци

 

]Бензинот поскапува за 1,5 денари по литар, дизелот поскапува за 1 денар. Ваква одлука донесе регулаторната комисија за енергетика на последната седница.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и од полноќ ќе се родава за 79,5 денари.
ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поскапува за 1 денар и новата цена ќе му биде 81,5 денари.
Дизелот поскапува за 1 денар и од полноќ ќе се продава за 73 денари по литар.
Ова се највисоки цени во последните 5 месеци.

13.01.2025 - 13:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега