Поранешната прва Антикорупцинерка ќе ја трча градоначалничката трка за Центар
Поранешната прва Антикорупционерка, Билјана Ивановска е кандидатка за градоначалничка на платформата Независни заедно за општина Центар. Од платформата информацијата ја соопштија на социјалните мрежи.
„Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“, ја имаат честа да ја претстават истакната борка за правда и антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.
Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „Групација 398“.
Ивановска ќе одржи прес-конференција за објавување на својата кандидатура на просторот пред фонтаната Лотус на влезот во Градски Парк - Фонтана Лотус на 14.08. (четврток) во 09:30 часот“, стои во објавата на Независни заедно на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа