Млад скопјанец му ја скршил колата на 80-годишен сосед поради паркинг-место

 

80-годишен жител на скопската населба Чаир вчера пријавил во полиција дека неговиот 27-годишен сосед физички го нападнал и му го оштетил автомобилот, по кавга за паркинг-место, соопшти МВР.

„На 11.08.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, В.В.(80) од Скопје пријавил дека околу 09:45 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од неговиот сосед С.Р.(27) од Скопје, кој употребил и тврд предмет и му го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

 

12.08.2025 - 21:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега